Линкови за пристапност

Нови нереди по убивањето на невооружен црн тинејџер во Фергусон


Тензиите растат меѓу полицијата и жителите на предградието на Сент Луис, во Мисури, каде невооружен црн тинејџер бил застрелан и убиен од полицаец.

Полицијата во опрема за справување со нереди испушти созавец и димни бомби доцна во средата врз стотици жители кои протестирале четврта последователна ноќ во населбата Фергусон со црно мнозинско население.

Заедницата од 21.000 жители е вознемирена откако 18-годишниот Мајкл Браун беше убиен минатата сабота. Претставници на полицијата на Фергусон велат дека Браун бил убиен по борба со полицаец во неговиот автомобил. Но сведоци велат дека тинејџерот бил погоден неколку пати додека заедно со пријател излегувале од продавница и нивните раце биле кренати да покажат дека се предаваат.

Демонстрациите станаа насилни кога некои од демонстрантите вандализирале и ограбувале продавници. Полицијата одговорила со распоредување на силно вооружени полицијалци во возила од армиски стилниз населбата, глетка што ги влошила односите меѓу жителите и главно белото политичко раководство на Фергусон.

Нередите беа причина официјалните образовни претставници на Фергусон да го одложат почетокот на училишната година до понеделник, наместо да започне во четврток.

XS
SM
MD
LG