Линкови за пристапност

Франција испраќа оружје за курдските сили во Ирак


САД распоредија други 130 армиски советници во северен Ирак да помогнат на Ирачаните заглавени на планина бегајќи пред милитантите.

Франција вели дека испраќа оружје за курдските сили во Ирак за да им помогнат во борбата со милитантите од групата Исламска држава која ја презела контролата на големи области во северен и западен Ирак со малку отпор од ирачката армија.

Соопштение од кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд во среда кажа дека оружјето ќе биде доставено за неколку часа во координација со ирачката влада.

Претседателот на ирачкиот автономен курдски регион, Масуд Барзани, побара од меѓународната заедница да побара во борбата против милитантите порано неделава, но во вторник Европската унија не успеа да се договори за заедничка пратка на оружје и кажа дека поединечни држави се слободни да направат сопствени договори со Ирак.

САД исто така распоредија други 130 армиски советници во северен Ирак да помогнат да се најде начин да се помогне на раселените Ирачани кои се заглавени на планина бегајќи пред сунитски муслимански екстремисти.

Во меѓувреме, ирачкиот премиер Нури ал-Малики вели дека нема да ја напушти власта додека федерален суд не пресуди по одлуката на претседателот Фуад Масум да го назначи Хајдер ал-Абади за следен премиер. Малики за време на неговото неделно обраќање во среда кажа дека одлуката за негова замена е противуставна.

XS
SM
MD
LG