Линкови за пристапност

Во 1999, Американскиот филмски институт ја стави Бекол 20-та на листата на 25-те актерки на сите времиња.

Легендарната американска актерка Лорин Бекол, некогашна манекенка која преку ноќ станала филмска ѕвезда работејќи со друга филмска легенда, Хемфри Богарт, почина на 89 години.

Нејзиното семејство вели дека Бекол починала по масивен мозочен удар во нејзиниот дом во Њујорк, во вторник утрото.

Бекол ја плени публиката од моментот кога се појави на големото платно во 1940-те, со нејзиниот препознатлив зарипнат глас и сензуалност. Имала само 20 години кога играла со Богарт во филмот од 1944-та „Да се има и да се нема“.

Бекол и Богарт стапиле во брак наредната година и заедно играле во неколку филмови, вклучувајќи ги „Големиот сон“, „Темен премин“ и „Ки Ларго“. Таа се појавува во над 30 други филмови, меѓу кои е „Како да се омажиш со милионер“ со Мерилин Монро.

Била мажена за Богарт до неговата смрт во 1957. Подоцна имала многу публикувана афера со Френк Синатра и турбулентен брак со актерот Џејсон Робардс.

Во нејзините доцни години Бекол добила две награди Тони за најдобра актерка, за нејзината работа на сцената. Во 2009 доби почесен Оскар од Академијата за подвижни слики.

Во 1999, Американскиот филмски институт ја стави Бекол 20-та на листата на 25-те актерки на сите времиња.

XS
SM
MD
LG