Линкови за пристапност

СЗО: Експерименталните лекови се етички за епидемијата на ебола


Лекот, наречен ЗМап, не е тестиран на луѓе, и не е јасна неговата улога во подобрувањето на состојбата на двајцата Американци.

Светската здравствена организација вели дека е етички на пациентите со ебола да се дадат официјално непотврдени лекови во обид за борба против најлошата до сега епидемија на болеста која се шири низ Западна Африка.

Агенцијата на ОН во вторник кажа дека користењето на таквите лекови мора да биде сторено со „информирана согласност, слободен избор, доверливо, со почитување на личноста, заштита на дигнитетот и инволвираност на заедницата“.

СЗО беше домаќин на дебата на таа тема во понеделник, истиот ден кога либериски претставници кажаа дека очекуваат наскоро да го добијат експерименталниот лек од американска компанија за лекување на двајца лекари кои се заразиле со ебола.

Лекот, наречен ЗМап, не е тестиран на луѓе.

Производителот на лекот во вторник кажа дека по давањето на дози на западноафриканската нација, нивните резерви на лекот се потрошени.

Шпански свештеник инфициран со ебола добил ЗМап, но болницата во Мадрид во вторник соопшти дека умрел.

Лекот исто така бил употребен за третирање на двајца американски хуманитарни работници кои покажале знаци на подобрување, но улогата на лекот во тоа не е јасна.

XS
SM
MD
LG