Линкови за пристапност

Уапсени најмалку 40 исламски радикали во Косово


Властите велат дека оружје, муниција и експлозиви биле запленети кога полицајци направиле упад на 60 локации во државата рано во понеделникот.

Полицијата во Косово уапсила најмалку 40 лица во операција чија цел биле исламски радикали осомничени дека дека се бореле во Ирак и во Сирија.

Властите велат дека оружје, муниција и експлозиви биле запленети кога полицајци направиле упад на 60 локации во државата рано во понеделникот.

Портпаролот на полицијата Бали Келани вели дека меѓу локациите биле диви џамии кои се верува дека служеле како центри за регрутирање.

„Оваа полициска операција беше изведена со цел да бидат уапсени осомничени кои учествувале во борбите во Сирија и Ирак или заради тоа што биле поддржувачи на сега терористички организации, како ИСИС и Ал-Нусра. “

Полицијата била информирана дека најмалку 16 Косовари се приклучиле на милитантната група Исламска држава што приграбува територии во Ирак и Сирија.

XS
SM
MD
LG