Линкови за пристапност

Кери на преговори со претседателските кандидати на Авганистан


Државниот секретар на САД ќе ги соочи кандидатите пред да замине за Бурма

Американскиот државен секретар Џон Кери е втор ден на преговори во Кабул да ги убеди противничките претседателски кандидати да стават крај на спорот околу броењето гласови.

Кери се сретна со претседателот Хамид Карзаи, и со двајцата кандидати за претседател - поранешниот министер за надворешни работи Абдула Абдула и поранешниот министер за финасии Ашраф Гани, кандидати кои се борат за работата на Карзај.

Тој се сретна со секој од нив одделно, кусо по пристигнувањето во Кабул.

Официјалните претставници на САД велат дека ќе ги донесе на заеднички преговори пред да замине за Бурма каде ќе присуствува на Азиската конференција за безбедност.

Минатиот месец Кери посредуваше меѓу кандидатите да се направи ревизија на гласовите од изборите на 14 јуни, на кои Гани доби водство.

XS
SM
MD
LG