Линкови за пристапност

Сноуден може да остане во Русија уште три години


Едногодишниот политички азил му истече на 1-ви август, но неговиот адвокат вели дека ова не е азил, туку останува зашто има работа.

Едвард Сноуден, поранешен договорен работник во Агенцијата за национална безбедност, доби одобрение да остане во Русија уште три години.

Неговиот адвокат, Анатоли Кучарена вели дека Сноуден работи на полето на информативната технологија и работата му е услов за останувањето во земјата. Кучарена забележа дека продолжената дозвола за останување во Русија не е класифицирана како политички азил.

Едногодишниот политички азил на Сноуден истече на 1-ви август.

Сноуден во САД е обвинет за шпионажа и крадење на владина сопственост.

Американскиот бегалец замина во мај 2013-та кога на новинарите им откри чувствителни детали за американските шпионски програми.

Со овие акции Сноуден стана познат во светот, како славен активист за некои и баран криминалец за други.

XS
SM
MD
LG