Линкови за пристапност

Европска сонда заврши со деценија долгата трка низ сончевиот систем да стане првото вселенско возило кое се сретнало со комета.

Европската вселенска агенција го лансираше леталото Розета вредно 1,7 милијарда долари кое влезе во орбитата 100 километри над површината на кометата 67П/Чуримов-Герасименко рано утрото во среда, на растојание од над 400 милиони километри од Земјата.

Научниците се надеваат дека Розета – именувана по каменот што помогнал да се одгонетне хиероглифскиот јазик на античките Египќани – ќе донесе повеќе докази за замрзнатите и камени остатоци од креацијата на сончевиот систем.

Розета ќе ја следи Кометата 67П во текот на следната година и ќе ја набљудува додека се приближува кон сонцето. Главниот дел на мисијата ќе дојде во ноември кога Розета ќе ослободи мала сонда што ќе пристане на Кометата 67П- прво воопшто вселенско возило што постигнало такво нешто.

Научниците веруваат дека кометата го содржи почетокот на животот на Земјата, давајќи вода и други клучни компоненти пред да се удри на површината на планетата.

Розета патувала над шест милијарди километри откако била лансирана од земјата во март 2004.

XS
SM
MD
LG