Линкови за пристапност

Во Авганистан убиен американски генерал


Пентагон потврди дека генералот е убиен, но не го именува.

Лице облечено во авганистанска армиска униформа отворило оган во вторник, убивајќи американски генерал и ранувајќи неколку други американски и меѓународни војници, во како што изгледа „напад од внатре“, изведен од припадник на авганистанските безбедносни сили.

Прес секретарот на Пентагон, заднинскиот адмирал Џон Кирби, на новинарите во Вашингтон им кажа дека е убиен американски генерал, но не го именува.

Американскиот генерал мајор, највисок по ранг американски офицер убиен во Авганистан, наводно бил застрелан од близу за време на, како што рече Кирби, „рутинска посета“ на висок офицер на Националниот универзитет за одбрана Маршал Фахим, во Кабул. Исто така ранети биле и одреден број на други членови на меѓународните безбедносни сили во Авганистан, вклучувајќи и германски бригаден генерал.

ИСАФ потврди дека еден од нивните офицери е убиен, но обjави малку детали за настанот.

Покрај убиениот американски генерал, американските претставници кажаа дека други 15 меѓународни војници биле ранети, и дека имало и Американци меѓу повредените.

Авганистанското министерство кажа дека напаѓачот опишан како „терорист“ и облечен во авганистанска армиска униформа, бил убиен.

XS
SM
MD
LG