Линкови за пристапност

Национален штрајк во Турција по рударската несреќа


Владата вели дека се спасени околу 450 рудари, а се трага уште по 120.

Голем работнички синдикат во Турција повика на национален штрајк во четврток, додека бројот на жртви од најлошата рударска несреќа во државата порасна на 282.

Турската синдикална конфедерација на јавни работници претставува стотици илјади вработени. Унијата вели дека еднодневниот штрајк е протест против слабите безбедносни стандарди во рударството на државата.

Спасувачки работници продолжуваат да бараат преживеани по експлозијата што се случила длабоко во рудникот за јаглен во вторникотво градот Сома, јужно од Истанбул. Официјални лица велат дека пожарот се` уште трае во рудникот попречувајќи ги напорите да се стигне до 120 лица кои и натаму се смета дека се заглавени во внатрешноста на рудникот.

Спасувачите се надеваат дека заглавените рудари се засолниле во една од таканаречените „безбедни соби“за да го избегнат густиот чад и отровни гасови во рудникот.

Официјални лица на владата и на рударската компанија велат дека околу 450 рудари биле спасени.
XS
SM
MD
LG