Линкови за пристапност

Советот за безбедност на ОН видел слики на бруталноста во Сирија


UN Ukraine

UN Ukraine

Поранешен обвинител за Сиера Леоне вели дека сликите се редок „директен доказ“ што ја имплицира сириската влада во злосторствата

Поранешниот главен обвинител на специјалниот суд за Сиера Леоне вели дека грозоморни слики на очигледно жртви од граѓанската војна во Сирија, кои биле покажани на Советот за безбедност на ОН, се редок „директен доказ“ за воени кривични дела.

Членови на Советот имале неформална средба во вторник за да видат околу 55.000 фотографии направени од поранешен член на сириската воена полиција.

Дејвид Крејн, поранешен обвинител за воени злосторства и еден од авторите на извештајот за кредибилитетот на фотографиите, на новинарите им кажал дека сликите ја имплицираат сириската влада и дека ќе бидат одржливи на меѓународен суд.

Тој кажа дека фотографот направил „неверојатна работа“ шверцувајќи ги фотографиите, и тој ја опиша бруталната природа на приказите.

Близу 60 држави побараа сириската ситуација да се пренесе во Меѓународниот кривичен суд во Хаг, но одлуката треба да ја донесе Советот за безбедност.
XS
SM
MD
LG