Линкови за пристапност

Рејтингот на Обама на рекордно ниско ниво


54% од гласачите се незадоволни од неговиот учинок

Популарноста на американскиот претседател Барак Обама падна на рекордно ниско ниво, судејќи според најновата анкета на национално ниво.

Истражувањето на Универзитетот Квинипек утврди дека 54% од американските гласачи се незадоволни од учинокот на Обама како претседател, за разлика од 39% кои ја одобруваат неговата работа. Згора на тоа, 52% сметаат дека Обама не е искрен и дека не може да му се верува.

Ваквите податоци доаѓаат само неколку дена откако Обама јавно се извини затоа што неговата влада не била доволно јасна во врска со деталите на законот за реформа на здравствената заштита, донесен по негова иницијатива, како и за проблемите за пријавување за здравствено осигурување на Интернет-страницата што беше отворена согласно законот.

Обама во анкетата на Квинипек доби позитивна оценка за справувањето со тероризмот, но и неколку негативни - за надворешната политика, имиграцијата и федералниот буџет.
XS
SM
MD
LG