Линкови за пристапност

Предвидување на топлотни бранови – спасување животи


Метеоролозите на прагот на подобро прогнозирање на топлотни бранови, покажува нова студија.

Топлотните бранови се големи убијци. Низ Европа во 2003-та година од нив животот го загубиле 50.000 лица. Во 2006-та, од од високите темпертури загинале 600 лица само во Калифорнија.

Научниците има тешкотии да најдат начини да им помогнат на метеролозите да предвидат појава на топлотен бран.

Хијен Тен од Националниот центар за атмосферски промени во Болдер, Колорадо се занимава со климатските промени, обидувајќи се да ги идентификува формите на циркулација во атмосферата што претходат на појава на топлотни бранови. Заедно со колегите, таа извела 12.000 годишна комјутерска симулација за северната хемисфера.

„Наместо само 20 или 30 од последните 50 години набљудување, добивме 6.000 настани на екстремна топлина што ни дава доволно материјал да направиме сезонска прогноза“, вели таа.

Комјутерскиот модел идентификувал формат што се појавил пред покачувањето на температурата. Се карактеризира со секвенца на смена на високи и ниски системи на воздушен притисок, од кои пет кружат над северната хемисфера.

Оваа динамика е добро документирана во историјата, но за прв пат тие податоци се поврзуваат со екстремните топлотни бранови. Кога биле споредени со реалните топлотни бранови во САД од 1984-та навамѕ, се поклопиле.

Сепак, ова е проценка на веројатноста, а не колку точно ќе се искажи живата на термометарот, вели Хијен Тен.

Ќе бидат потребни дополнителни истражувања за да се поткрепи тезата на оваа научничка, но таа најави дека нејзиниот тим ќе продолжи со проучување на други повторителни шеми и фактори во животната средина што ќе помогнат да се претскажат екстремни временски услови. Истражувањето е објавено во журналот Nature Geoscience.
XS
SM
MD
LG