Линкови за пристапност

Олимпијците и денталното здравје


Нова студија вели дека оралното здравје може директно да влијае на резултатите на спортистите, а многу не внимаваат на тоа.

Преку 300 спортисти-учесници на Летните олимписки игри во Лондон во 2012-та, учествуваа во истражувањето за орално здравје. Претставуваа 24 различни спортови, од кои најмногу атлетичари. Студијата ја предводеше Иен Нидлман. Тој вели дека се тргнало од хипотезата дека оралното здравје влијае на квалитетот на животот, а со тоа и на нивниот тренинг и резултати.

Нидлман е професор по стоматологија на Универзитет во Лондон.

„Имаше многу случаи на кариес, што беше изненадувачки. Преку половина од спортистите имаа ваков проблем. И не само тоа. Многу болести на непцата, ерозија на забите, заради храна и пијалоци со киселина, и – траума, што се очекува кај оние кои се занимаваат со контактните спортови“, вели Нидлман.

Нидлман додава дека стоматолошките проблеми се изненадувачки, со оглед на фактот што многумина спортисти се млади, тинејџери и нешто постари.

„Млади се, со солидна здравствена грижа и свест за одржување на здравјето. Но, од одредени причини, оралната хигиена им се провлекла“, смета овој експерт.

Како резултат, велат спроведувачите на студијата, спортистите можно е да имале болка што им попречила во непречено одвивање на тренинзите. Проблемите поврзани со оралното здравје, велат тие, може да влијаат на самодовербата на овие спортисти. А добриот перфоманс во голем дел е поврзан со самодовербата.

Нидлман додаде дека постојат се` побројни докази дека инфекција или воспаление во устата може постепено негативно да влијае на остатокот на телото. На пример, воспаление може да го зголеми ризикот од повреда и да предизвика потешко заздравување.

Се планираат дополнителни студии за изнаоѓање на подобри начини за превенција на проблеми со оралното здравје кај спортистите. Исто така, познато е дека зачестеното конзумирање на јаглени хидрати, веројатно од специјалните напитоци за спортисти, може само го влоши проблемот. Дополнително, интензивниот тренинг може да го ослабе имунитетот за да не може да се справи со инфекцијата. Но тој вели дека истражувањето направено на спортисти може да се однесува и на општата јавност, зашто оралносто здравје се рефлектира на социјалниот и економскиот статус.
XS
SM
MD
LG