Линкови за пристапност

Продолжува трговската војна меѓу Косово и Македонија


Ситуацијата ексалираше откако во текот на целата измината недела беа разменувани обвинувања, мерки, контрамерки и закани

Веќе втор ден е во прекин сообраќајот на македонско-косовскиот граничен премин Блаце, во двата правца, откако го блокираа македонските шпедитери од здружението на транспортери „Макамтранс“, во знак на протест поради целосната трговска блокада за увоз на македонски производи од косовската Влада. Ситуацијата ексалираше откако во текот на целата измината недела беа раменувани обвинувања, мерки, контрамерки и закани, кои доведоа до актуелната трговска војна меѓу двата соседа.

Во јули, македонската Влада, за заштита на домашнот производство, донесе мерка за условен увоз на пченица и на брашно од странство. На таа одлука реагираа властите во Србија од која со години наназад Македонија увезува големи количини пченица и брашно за задоволување на македонскиот пазар, но не и косовските власти (веројатно и затоа што според статистичките податоци само 2% од македонскиот увоз на брашно отпаѓа на Косово). Но, откако релациите со Србија, колку-толку се балансираа, по српската жалба на ЦЕФТА – Цетралноевропскиот договор за слободна трговија, и Македонија најави повлекување на времената мерка на 15 септември, ненејавено реагираше официјална Приштина, која воведе забрана за увоз на одделни производи од Македонија, како млекото и млечните производи, овошјето и зеленчукот, алкохолните пијалоци и виното, тутунот, цигарите...

Иако властите во Скопје беа децидни дека одлуката не е насочена кон Косово, ни телефонскиот разговор меѓу премиерите Груевски и Тачи немаше позитивна разрешница. Па, Владата во Скопје донесе политичка одлука, за задолжителна такса за косовските граѓани кои влегуваат во Македонија – 2 евра за секој патник, 5 евра - за автомобил и по 10 евра - за автобус и камион.

Приштина не возврати со реципроцитетна мерка, но ја засили блокадата на границата со ембарго за увоз на сите производи од Македонија. Потоа, македонските медиуми најавија дека Владата во Скопје размислува и за воведување на визи за косовските државјани.

Немаа успех ни преговорите меѓу македонскиот министер за економија Ваљон Сарачини со неговите домаќини во Приштина, вицепремиерот и министер за трговија и индустрија на Косово, Мимоза Кусари-Лила и министерот за финансии Бесим Беќај, па политичката конверзација на релација Приштина –Скопје имаше се поостри тонови.

Додека го испраќаме овој извештај, се уште не е официјално соопштена одлуката на македонската Влада која денес на седница, расправа токму за актуелната ситуација на македонско-косовската граница и за трговската војна.

Иако и ЕК ги повика двете страни во судирот да се држат до обврските преземени во рамки на ЦЕФТА, портпаролот Петер Стано, сепак, не објасни каква ќе биде реакцијата на ЕУ за надминување на спорот. Истовремено, според агнциските вести, косовскиот заменик министер за надворешни работи Петрит Селими во Вашингтон апелирал за надминување на спорот и за што побрзо повторно воспоставување на слободната трговија.

„Навистина, навистина се надевам дека ќе направиме неколку чекори назад, да се вратиме на првиот чекор, и да решиме да ја почитуваме слободата на трговија и слободата на движење на луѓе и да продолжиме да бидеме добри соседи и пример за многу други балкански земји кои и војуваа меѓу себе. Со Македонија, освен етничките тензии од време навреме, кои се поттикнати од националисти во двете земји, навистина се трудиме да бидеме што е можно повеќе поврзани заедно“, изјавил Селими на универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.

И македонската опозиција, дел од македонските експертите и особено прозведувачите и извозниицте на храна, реагираат, дека и покрај ненадејната и непредизвикана одлука на косовските власти, дел од вината е и кај Македонија, и предупредуваат дека штетите за македонската страна можат да бидат големи! Особено затоа што Косово е едиствената земја со која во трговкстата размена Македониаја перманентрно има суфицит.

Опозициониот СДСМ ги повика владите на Република Косово и на Република Македонија да престанат со политиката на инаетење и меѓусебни провокации и да преземат итни мерки за надминување на трговската блокада што сериозно ги загрозува односите меѓу двете земји.

А додека на македонско-косовската граница, редици камиони на македонските извозници чекаат за влез во Косово, дел од македонските бизнисмени апелираат да се најде заеднички јазик на политичко ниво, зашто од актуелната ситуација можат да имаат бенефит само соседните земји кои во меѓувреме ќе го освојат косовскиот пазар, што потоа ќе стане се потешко достапен за македонските фирми. Кога се знае дека минатогошниоата размена меѓу Македонија и Косово изнесуваше 421 милион долари, од кои македонскиот извоз беше дури 392 милиони, а увозот од Косово само 29 милиони (а во осумте месеци годинава, размената е 145 милиони долари, од кои 132 милиони е македонски извоз, а 14 милиони долари – увоз), јасно е колкава е загубата за Македонија од настаната ситуација, но и пред се`, во перспектива. Особено се загрижени македонските земјоделци, кои за десетина денови очекуваат нови пратки на македонско овошје и зеленчук за косовскиот пазар.

Љубица Нури од Стопанската комора на Македонија за медиумите изјави дека „Република Косово на некој начин си игра, така што кога е потребно мерката да биде покриена со ЦЕФТА се повикува на договорот, а кога е вон секој контекст на ЦЕФТА, велатт дека е донесена од Република Косово. Без разлика што во размената меѓу двете земји доминира македонскиот извоз, сметам дека и косовските бизнисмени ќе изгубат со ад хок донесената мерка“.

Според Мендерес Кучи, пак, претседател на Комората на Северозападна Македонија, во која главно членуваат етнички Албанци, „штетите ќе бидат огромни за двете земји“.

Иако неофицијално се вртат разни и бројни шпекулации за причините за заострувањето на односите меѓу Косово и Македонија, единствено агенцијата Нетпрес која е блиска до макеоднската Влада, објави дека проблемот го предизвикале активностите на косовски шверцерско-криминални структури, односно, потенцираше еден косовски бизнисмен, со потекло од Македонија, кој наводно имал бизнис со трговија на пченица и брашно и кој „незадоволен од одлуката на македонската Влада за привремено стопирање на увозот на пченица, ги притиснал косовските власти да одговорат со контрамерки, а со цел да се присили македонската страна да ја повлече својата одлука“. Бизнисменот ја демантираше ваквата шпекулација, но неофицијално може да се чуе дека навистина имало обид - дел од српското брашно за кое постоеше мерка - условен увоз во Македонија се` до 15 септември, и пред тој рок на „мала врата“ да се увезе преку Косово во Македонија, по што, српските бризнисмени останале без пари, а косовските препродавачи останале со непродадено брашно и со долг кон српските бизнис-партнери, што пак, предизвикало голема нервоза на двете страни.
XS
SM
MD
LG