Линкови за пристапност

Пливачката Дајен Најед стигна до целта


Шеесет и четиригодишната пливачка стана првата личност што го препливала растојанието од Куба до САД, низ опасни води, без заштитен кафез од ајкули.

Американската пливачка Дајен Најед го оствари својот долгогодишен сон, стана првиот човек кој ги преплива опасните води меѓу Куба и САД без заштитен кафез од ајкули.

Претходно, нејзиниот тим поддржувачи соопшти дека е на околу три километри од брегот на Ки Вест во Флорида и тукушто го комплетира потфатот од 180 километри воден пат.

64-годишната Нијад изјави дека ова е нејзин петти и последен обид да ја преплива дестинацијата меѓу Куба и САД. Пред да влезе во водите во саботата, Нијад изјави дека е уверена дека може, но и дека е исплашена.
XS
SM
MD
LG