Линкови за пристапност

26 мртви во училиште во Конектикат


Полицијата води деца на безбедно по инцидентот во училиштето во Њутаун, Конектикат
Полицијата води деца на безбедно по инцидентот во училиштето во Њутаун, Конектикат

20 од загинатите - деца.

26 убиени, од кои 20 деца, а 6 возрасни, е билансот на инцидентот со огнено оружје во
Во состојба на шок: ученици од Сенди хук, непосредно по инцидентот
Во состојба на шок: ученици од Сенди хук, непосредно по инцидентот
Основното училиште Сенди хук во местото Њутаун, сојузната држава Конектикат, соопшти полицијата. Мртво е и лицето за кое се претпоставува дека бил напаѓачот.

Властите велат дека во тек е известување на семејствата на загинатите. Полицијата се` уште работи на местото на инцидентот.

Момче во прегратка непосредно по евакуацијата од училиштето
Момче во прегратка непосредно по евакуацијата од училиштето
Медиумите објавија прикази на деца кои, држејќи се еден за друг, со помош на полицијата беа евакуирани од училиштето. Сведоци наведуваат дека слушнале околу 100 истрели. Потоа, според искази на деца кои биле во училиштето, пристигнале полициски сили кои од училница во училница го барале напаѓачот.

Претседателот Барак Обама по повод инцидентот порача: „Претрпевме премногу вакви трагедии во последните неколку години. Секојпат кога ќе слушнам ваква вест, реагирам не како претседател, туку онака како што би реагирал секој друг - како родител“.

Властите во Конектикат соопштија дека претседателот ветил федерална помош.
XS
SM
MD
LG