Линкови за пристапност

Претседателот Обама во посета на Њујорк


За да изврши увид на напорите за опоравување од суперневремето Сенди.

Претседателот Барак Обама денеска ќе отпатува во Њујорк за да изврши надзор на напорите за опоравување од суперневремето Сенди.

Невремето што источното крајбрежје на САД го погоди кон крајот на октомври, резултираше милиони жители да остнат без покрив над главата и без електрична енергија со недели.

Силната бура се случи непосредно пред претседателските избори и беше повод за актуелизирање на политичката дебата за климатските промени. Одредени експерти неколкуте последни урагани сметаат дека се последица токму на климатските промени. Иако не ја истакна оваа поврзаност, Обама на прес-конференција во Белата куќа рече дека нема сомнеж дека промените влијаат на животната средина.
XS
SM
MD
LG