Младите и иборите во САД
Младите беа клучни за победата на претседателот Барак Обама на изборите во 2008-та, кога конкурент му беше Џон Мекејн. Четири години подоцна, се чини дека ентузијазмот на младите во натпреварот меѓу Обама и републиканецот Мит Ромни е помалку видлив. Но, двете кампањи вложуваат напори да ги добијат гласовите на оние меѓу 18 и 29-годишна возраст.