Политички филмови во обид да влијаат врз гласачите
Претседателската кампања во САД е во полн ек, а два документарни филма, еден конзервативен, еден либерален, се обидуваат да го дискредитираат другиот политички кандидат. „Америка на Обама 2016“ го критикува претседателот Обама, а „Џенин од Де Моин“, ги исмева републиканците по прашања како здравствена грижа, истополови бракови и економија. Целта на филмовите е да го променат мислењето на гласачите. Но дали можат?