Линкови за пристапност

Муслиманските религиозни лидери го прогласија петок за ден на почеток на Рамазан во поголемиот дел на арапскиот свет.

Почетокот на најсветиот месец во исламскиот календар се одбележува со појавувањето на младата месечина, што варира од држава во држава.

За време на Рамазан, Муслиманите се очекува да постат и да се воздржат од пушење, секс и алкохол од изгревање до заоѓање на сонцето, како и да прават добри дела и акти на добродетелство.

Месецот го одбележува времето кога пред повеќе од 1.400 години Муслиманите велат дека Пророкот Мухамед прв пат ги примил зборовите на Коранот – муслиманската света книга.

Некои Муслимани во Индонезија и Кина исто така ќе го прослават Рамазан во петок.
XS
SM
MD
LG