Линкови за пристапност

Здружено против организираниот криминал на Балканот

  • Сашо Митан

На меѓународна конференција во Охрид беше речено дека соработката е клучна за борбата против нелегална трговија со цигари и пиратство на интернет софтвери.

Владите од регионот, ОБСЕ, Јаpan Тоbacco International и Microsoft се здружија против нелегалната трговија на Балканот.
Соработката меѓу владите, регулаторите, спроведувачите на законот и индустријата е клучна за ефективна борба против нелегалната трговија во Западен Балкан, беше заклучокот на конференцијата за организиран криминал на тема: „Нелегална трговија со цигари и пиратство на интернет софтвери“, што се одржа во Охрид.

Учесниците на конференцијата се состанаа заради подобрување на соработката во справувањето со нелегалната трговија со цигари и пиратството на софтвер, како и да дискутираат нови начини за борба против шверцот.

„Еден од клучните причинители на проблемот е нехармонизираната регионална фискална политика, која генерира значајни разлики во цени. Предвидливо, постепено и регионално хармонизирано зголемување на акцизите во земјите од Западен Балкан е предуслов за превенција од нелегалната трговија со цигари. Ова може да се изврши со усвојување на акцизни календари со времетраење од три до пет години. Спремни сме да помогнеме на секоја држава од регионот во развојот на такви календари“, потенцираше Горан Пекез“, директор за корпоративни работи и комуникации при Јаpan Тоbacco International, Адриатика.

Став на неговата компанија, рече тој, е нулта толеранција кон сите форми на нелегална трговија со тутунски производи.

„ Веруваме дека проблемот со шверцот треба да се адресира преку конструктивни партнерства со владите“, рече тој, додавајќи дека тоа е важно не само како помош при зголемување на даночните приходи на владите, туку и за намалување на изворите на приход на организираниот криминал.

Вјачеслав Воробиев, шеф на полицискиот сектор во ОБСЕ, сугерира спроведувачиите на законите да излезат со координирани мерки и активности за справување со овој феномен, и тоа не само на национално ниво туку и на регионално.

„Растечкиот организиран криминал негативно се одразува на државите не само од безбедноста гледна точка, туку им штети и на нивната економија, амбиентот за бизнис, владините и социјални услуги, нарушувајќи ги главните елементи за динамичен и демократски развој на државите“, истакна Воробиев.

Според Евробарометарот од 2011 обемот на нелегалната трговија со тутун се проценува на 360 милијарди цигари годишно, (исклучувајќи ја Кина), или 10 проценти од глобалниот пазар. Годишно поради шверц и фалсификување цигари, владите губат меѓу 40 и 50 милијарди американски долари.
XS
SM
MD
LG