Линкови за пристапност

Мешано глобално мислење за САД и Обама


Европа главно го поддржува Обама, додека на Блискиот исток нема голема промена во однос на политиката на САД

Ново меѓународно истражување на јавно мислење индицира дека на американскиот претседател Барак Обама и неговата политика се гледа со поголемо одобрување во Европа отколку во муслиманскиот свет.

Истражувачкиот центар Пју со седиште во САД изведе истражување на јавно мислење на луѓе кои живеат во 21 држава и најде дека односот кон САД генерално е попозитивен сега отколку во 2008, кога беше избран претседателот Обама. Центарот кажа дека најголемо подобрување во имиџот на Америка се случило меѓу Европејците, но дека во неколку „стратешки важни“ муслимански нации имиџот на Америка не е подобрен.

Обама сепак има поголем рејтинг од неговиот претходник, Џорџ В. Буш, и во Европа и во многу држави каде преовладува муслиманско население

Истражувањето најде дека големо мнозинство од Европејците остануваат позитивни за Обама и ја поддржуваат неговата политика, а тоа може да се преведе во прилично голема поддршка за негов реизбор годинава. Истражувањето исто така покажа широка поддршка за Обама и негов реизбор, во Јапонија и Бразил.

Но, помалку од 30 проценти од анкетираните во Египет, Тунис, Турција и Јордан изразиле поддршка за Обама, и има малку ентузијазам на Блискиот исток за втор мандат за претседателот, со мнозинството во Египет, Јордан и Либан кои се против негов реизбор.

Обама сепак има поголем рејтинг од неговиот претходник, Џорџ В. Буш, и во Европа и во многу држави каде преовладува муслиманско население.

Истражувањето на Пју исто така најде опозиција во цел свет на зголеменото користење на беспилотни летала за убивање осомничени терористи од страна на претседателот Обама. Во 17 од 20 држави, повеќе од половината анкетирани не ги одобруваат нападите со беспилотни летала во нации како Пакистан, Јемен и Сомалија.

Но, ваквите напади ги одобруваат 62 проценти од Американците.

Во друго наоѓање, мнозинството учесници во истражувањето, посебно во Европа, веруваат дека Кина преовладала над САД како најголема економска сила во светот.

Истражувачкиот центар Пју вели дека повеќе од 26 илјади луѓе учествувале во истражувањето, што било изведено од 17 март до 20 април.
XS
SM
MD
LG