Линкови за пристапност

Стресот во детството ја зголемува опасноста од рак на кожа


Базален клеточен карцином е најчеста форма на рак на кожата. Многу поприсутна од смртоносната меланома, базалниот карцином најчесто ги зафаќа поединците со светла боја на кожата кои живеат во посеверните предели на земјината топка.

Научници од Институтот за медицински истражувања во однесувањето при Универзитетот Охајо во Колумбус, откриле докази дека пациентите чиј рак повторно се активирал, најверојатно имале периоди на малтретирање, стрес или недоволна грижа како деца, или пак преживеале стресен настан во животот во период од една година пред влошување на состојбата.

Кај овие поединци, објаснува истражувачот Крис Фагундес, тимот научници открил драматично намалување во имунолошката реакција што телото вообичаено ја гради кога е предизвикано од одредени видови на тумори.

Фагундес вели дека ваквите тумори вклучуваат базален клеточен карцином, за кој научниците велат дека повторно се појавува кај пациенти кои доживеале стрес во детството, а потоа и како возрасни.

Фагундерс и тимот научници истражувале 91 маж и жена со базален клеточен карцином, поставувајќи им детални прашања за нивниот однос со родителите како деца.

Истражувањето нашло 350 проценти намален имунитет на врвните 25 проценти од пациентите кои страдале од најголемо злоставување од страна на нивните мајки како деца.

Роналд Глејсер, виролог и директор на Центарот за истражување на рак при Универзитетот Охајо, е коавтор на студијата. Тој вели дека стресот се чини дека го погаѓа имунолошкиот систем на начини на кои научниците недоволно ги разбираат.

„Кога ќе бидат на 60-годишна возраст, каква и да е промена што се случила кај таа личност на 5-годишна возраст, се чини дека се појавува на површината“, вели Глејсер.

Кога е под стрес, телото има тешкотии да го активира имунолошкиот систем против другите видови на рак, вклучувајќи го ракот на јајници, лимфома и ракот на главата и вратот, велат експертите.

Глејсер планира да продолжи со истражувањето за доаѓање до поцелосни одговори за биолошките механизми одговорни за намалениот имунитет.
XS
SM
MD
LG