Уметноста на лакирање нокти
Многу слушаме за економијата и за милион варијанти на како обични луѓе во неа страдаат. Но, не е се` толку црно – за обичните луѓе. Доказ за тоа – еден бизнис кој знае само за добри времиња. Лакирање нокти! Жените знаат, за другите да појасниме: обично лакирање одамна не е во мода. Оние што нудат дизајнирано лакирање, имаат бизнис што е не само добар, туку буквално цвета.